Пепи Георгиевски се враќа во Вардар

 

Поранешниот тренер на Вардар, повторно се враќа во стручниот тим на „црвено-црните“, но овој пат како тренер на младинската школа на клубот. 

Ваквиот потег на извршниот директор на клубот, Горан Митев, беше за очекување со оглед на фактот што од овој клуб се очекува да се реализираат проектите за поставување на пионерската младинска школа како вистински природен темел за идниот врвен Вардар. 

А, основен чекор за тоа е секако максимално сериозната кадровска поставеност.

„Јасно е дека основната наша цел е со докажани стручни лица, а кои се тесно врзани со вардаровите бои, најпрво кадровски да се постави основата на функционирање на школата. Затоа што јасно е дека без квалитетен тренерски кадар се би било залудно. Задоволство ми е што може да кажам дека во клубот го враќаме едно од најславните имиња во вардаровата историја, Пепи Георгиевски кој веќе е докажано и тренерско име во нашиот фудбал“ – вели извршниот директор на Вардар, Горан Митев.

Пепи Георгиевски е уште едно име кое се враќа во својот дом а со кое се гордее Вардар, по Александар Васоски, Драган Мутибариќ, Саше Милошевски, Слободан Мутибариќ, Саше Јанев...

„За мене е навистина чест и задоволство што се враќам во Вардар во кој минав дел од најславните мои играчки денови. Мора да искажам благодарност до директорот Горан Митев и координаторот на школата, Саше Милошевски кои беа силно заинтересирани за мој ангажман. Веднаш ме привлече проектот кој го планираат за пионерско-младинската школа, затоа што факт е дека нашата фудбалска иднина лежи единствено во младите“ – вели Пепи Георгиевски за сајтот на Вардар.

27.12.2013 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега