Кузеска: Ахмети со националистичка реторика го загрозува меѓуетничкиот мир

 


Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм, вели во одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Реториката за постојано подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата, рече Кузеска.

„Таквите политики и спотови со воени опреми се несоодветни провокации за кои дефинитивно нема место во нашето општество. Не држат вода ставовите дека во СДСМ има албанофобија, СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и се залага за добри односи со сите заедници коишто живеат во Република Северна Македонија. СДСМ докажала дека секогаш се борела и ги бранела правата на сите етнички заедници кога тие биле загрозени. Во оваа држава, ниту Aлбанците ниту Македонците ниту Србите ниту Tурците и сите коишто живеат тука, не сакаат да слушаат вакви реторики туку сакаат конкретни решенија коишто ќе ги решаваат секојдневните проблеми“, посочи Кузеска.

10.01.2025 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега