ФОТО: Снимен летот на Дедо Мраз?

Оваа година современата технологија можеше онлајн да се следи патот на Дедо  но тоа не беше единствена случка каде е снимен „летачкиот Дедо“.

Вистинско мало шоу на својот профил на Твитер направи полициската станица од Лестер, која објави фотографија наводно снимена со термалната камера на полицискиот хеликоптер. Под фотографијата беше напишано: „Снимивме невообичаен извор на топлина на последниoт лет. Дедо Мраз? Дали е возможно?“

Фотографијата набрзо стана популарна на Твитер. Корисниците оставаа голем број коментари, од тоа дека се љубоморни затоа што не се тие кои го „уловиле“ Дедо Мраз на небото, до тоа дека би било добро да биде уапсен поради возење во пијана состојба.

Полициската екипа набрзо објави и дека фотогафијата не е вистинска, туку фотошоп, што најверојатно разочарало многумина.

 

27.12.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега