Ибрахимовиќ ги налути жените - еве зошто
Откако се најде на мета на сите медиуми по бурата негативни коментари бидејќи не го посети болното момче кое почина, Ибрахимовиќ повторно се најде среде скандал. Фудбалерот ја коментирал одлуката на фудбалскиот сојуз на Шведска, кој на Андерс Свенсон му подари автомобил.
- Со цела почит кон дамите, машкиот и женскиот фудбал не може да се споредува. Откажете се од такви споредби!“ кажал Ибрахимовиќ во интервју за Ехпресен.
Кога настапувам во Европа тогаш ме споредуваат со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Меѓутоа, кога ќе се вратам во Шведска, тогаш ме споредуваат со фудбалерки. Со цела почит кон дамите, сметам дека фудбалерките треба да се наградуваат според тоа колку придонесуваат во фудбалот. Минатото лето ме прашаа дали сум подобар напаѓач од фудбалерката Лоти Шелин. Не бев сигурен дали станува збор за некоја шега или пак што? Ако урнам рекорд тогаш треба да ме споредуваат со фудбалер на кој сум го урнал рекордот,а не со девојка!“, заклучил Ибрахимовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа