Мицкоски: Оставивме добра волја - маркетите користат трикови
Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои Владата ќе се бори против „триковите“ на трговците кои ги зголемија цените на производите кои не се опфатени во т.н. Новогодишна кошничка.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата разговарала со сите големи супер маркети, оставиле добра волја, но тие се служеле со трикови.
-Тоа што некој од нив се служат со трикови тоа е друга работа и за тоа ќе има соодветни процедури, трае анализата, и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани. Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните но и на Владата мислам дека не е добро и мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето. Затоа што ова не е коректно однесување посебно пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да било така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 20-25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување и би рекол нечовечно однесување. И уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а доколку вака продолжат таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот којшто следи. И да знаат дека вакви трикови нема никогаш да поминат повеќе, рече Мицкоски.
Прашан какви мерки и механизми има Владата за да се справи, Мицкоски не одговори конкретно, но најави дека за тоа јавноста ќе биде дополнително известена.
„Вие имате само две мерки коишто можете да ги направите – тоа е маржа да ограничите и цените да ги замрзнете.“
-Има и други мерки.
„Кои се тие мерки?“
-Ќе видат граѓаните, ќе бидете сведоци и јавноста во периодот којшто следи, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа