Пациент од Гостивар: Ми дадоа инфузија со поминат рок
Во гостиварската болница, на интерното одделение, на пациент му е дадена инфузија со истечен рок, пренесува PortaliX.
PortaliX обезбеди фотографии на кои може да се види дека инфузијата од 500 ml истекол на 25 мај 2024 година. Пациентот отишол да прими инфузија, но видел дека рокот е истечен.
Случајот бил изнесен во полиција, но поради притисок лицето го повлекло исказот
Случајот се случил на 18 октомври 2024 година, но поради големиот притисок изјавата беше повлечена иако пациентот и неговата придружничка отидоа да го презентираат случајот во полиција.
Одговор побаравме од директорот на гостиварската болница Арѓенд Муча, кој рече дека медицинската сестра која ја дала инфузијата згрешила бидејќи во болницата има инфузии со истечен рок, но тие не се користат на пациенти.
„Овие инфузии со истечен рок се повлекуваат од болниците кога ќе заврши регистрацијата на лековите и согласно законот мора да останат во болница, но сепак да не се користат. Разговаравме и со полицијата и со обвинителството и беше појаснето дека овие инфузии не се штетни за пациентот, но сепак не треба да се користат, ова е грешка на медицинската сестра“, изјави директорот на болницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа