Зеленски за разговорот меѓу Путин и Орбан: Разговорите за мир не можат да се случат без Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин, истакна дека разговорите за војната што ја води Русија не можат да се одржат без Украина.
„Сите се надеваме дека Виктор Орбан нема да го покани (соборениот сириски претседател Башар ал) Асад во Москва да ги слуша неговите едночасовни предавања. Апсолутно е јасно дека за да се постигне вистински мир потребна е загарантирана безбедност, решителноста на Америка , единството на Европа и определбата на сите партнери да се придржуваат до целите и принципите на Повелбата на ОН“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Според него, „не треба да се игра на својот имиџ за сметка на единството – треба да се води сметка за заеднички успех“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа