Кои се најдобрите македонски фудбалери за 2013?

 

Најдобрите фудбалери синоќа ги добија наградите кои на свечена пригода им беа доделени од страна на Фудбалската федерација на Македонија. За најдобар во 2013 година беше избран капитенот на германскиот бундеслигашки клуб Мајнц, Николче Новески, додека во домашното првенство со награда се здоби и играчот на Хоризонт Турново Дејан Блажевски. 

Најдобар стратег е Благоја Милевски кој со Вардар ја освои шампионската титула, а наградата за фер-плеј заврши во рацете на ФК-Работнички, чиј претседател Драган Поповски беше прогласен за спортски работник во 2013 година. 

За најдобар стрелец беше прогласен играчот на Вардар Јован Костовски, а за најмлад фудбалер наградата заврши кај Марјан Радески играчот на ФК Металург. Најдобра младинска екипа е ФК-Металург.

Најдобар тренер во младински категории е Александар Васовски, а најдобар стрелец кај младинците - Мартин Христов од Македонија ЃП.

Наташа Андонова е најдобрата во конкуренција на фудбалерките, а Елена Јаковска е најдобриот стрелец во женскиот фудбал. Најдобар тренер во женска конкуренција е Астрид Мерко.

Во футсал најдобар играч на Македонија за 2013 година е Драган Петровиќ (Скопје 2011), а тренер Зоран Лекиќ (КМФ Скопје).

Димитар Мечкаровски е прогласен за најдобар фудбалски судија за 2013 година, а награда за животно дело му припадна на екс селекторот на Македонија, предводникот на првиот натпревар на Македонија против Словенија, Андон Дончевски.

ФОТО: Екипа

26.12.2013 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега