Попоски на состанок во МНР со македонските амбасадори

 

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе одржи редовен работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.

- Во рамки на овој важен дипломатски состанок, постојаните претставници ќе остварат посебни средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, претседателот на Владата, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров, стои во соопштението од МНР.

Ќе присуствуваат и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министрите Џери Наумоф, Бил Павлевски и Веле Самак како и директорот за странски инвестиции, Висар Фида. 

26.12.2013 - 09:12
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега