Трамп ја критикуваше одлуката на Бајден поради помилувањето на синот: Тоа е злоупотреба

 


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден да го помилува неговиот син Хантер Бајден, оценувајќи ја таа одлука како злоупотреба и погрешна одлука.

Доналд Трамп ја спореди оваа одлука на Бајден со одлуката во која демонстрантите кои учествуваа во немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година беа осудени на неколку години затвор.

„Дали помилувањето на Џо Бајден за Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои сега се затворени со години? Каква злоупотреба и погрешна одлука“, рекол Трамп, а пренесува американски ABC News.

Медиумите потсетуваат дека американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден претходно објави дека го помилувал својот син Хантер, кој чекаше казна во случаите на нелегално поседување огнено оружје и затајување данок.

„Ниту еден разумен човек што ги разгледува фактите за случаите Хантер не може да дојде до друг заклучок освен овој – Хантер беше издвоен исклучиво затоа што е мој син, и тоа е погрешно“, рече Бајден доцна синоќа, мислејќи на „правосудна грешка“, според написите.

Американскиот претседател во заминување во неколку наврати изјави дека нема да даде претседателско помилување на неговиот син, потсетуваат светските медиуми.

02.12.2024 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега