Тошковски: Уапсени се осум лица поради вчерашните инциденти, се предвидува казна затвор

 


Во текот на вечерта се уапсени осум лица, извести министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Четири од нив се уапсени заради тоа што сториле прекршок, учествувале во тепачка, а другите четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнение дека сториле кривично дело 319 од Кривичниот законик коешто се однесува на предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, каде што е предвидено минимална казна од една година затвор. За нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, рече Тошковски.

Едно од нив е малолетник, другите се млади лица од 18 до 21 година, додаде министерот Тошковски.

За истите по насока на Јавен обвинител, до доцна се работеше, тие се приведени и ќе бидат изведени по итна постапка пред лицето на правдата, а потоа Судот ќе одлучи во рамки на своите законски надлежности, објасни Тошковски.

Тој упати порака до сите кои се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, дека жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди.

„Полицијата е спремна, професионална да одговори на сите предизвици кои се претставени пред нив. Времето на крив е пајакот, крив е кабелот заврши. Имаат сите имиња и презимиња. Тука е разликата“, додаде Тошковски.

Тој побара сите што имаат било какви материјали да ги достават до полиција.

Министерот упати благодарност до полицијата и до граѓаните кои споделиле снимки на социјалните мрежи, „затоа што еден од кривично-правните настани ги расветливме токму поради тие снимки“.

29.11.2024 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега