Остра расправа во Собранието: Иванов го обвини Бочварски за лицемерие
На денешната седница во Собранието на амандманската расправа за Буџетот пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов се обрати до поранешниот министер Благој Бочварски и му упати прашање во однос на тоа што правел тој и СДС во изминатите 7 години и му посочи дека лицемерна и задоцнета е наводната грижа за граѓаните на Штип.
„Како и до сега во општата расправа по предлог Буџетот по амандманската расправа во овие неколку денови би рекол, амандман со задоцнета и ненавремена загриженост за граѓаните на општина Штип. Министер за транспорт и врски од претходната влада кој што две години беше Градоначалник на Штип и 5 години министер за транспорт и врски, господине Бочварски ќе споменам два моменти за лицемерието што беше минатите денови. Предлагате амандман кој што веќе 3 месеци има проектна задача согласно надлежностите на општина Штип, веќе има проектна задача и се работи инфраструктурен проект од сопствени средства на општина Штип за реализација на споменато булеварско решение. Второ, се поставува прашањето што правевте вие во изминатите 7 години? Од извори на општина Штип ниту имало идеја за ова булеварско решение како градоначалник на општина Штип ниту пак како министер, сте мислеле дека нема потреба воопшто ова да биде како идеја, булеварското решение за да може да продолжи да има проектна задача, инфраструктурен проект и потоа основен проект согласно кој ќе се издаде дозвола за градба и да може општина Штип да аплицира и да обезбеди средства од централниот буџет“ истакна Иванов и додаде:
„Дополнително веќе од пред три месеци имаме проектна задача и предвидливоста е дека во текот на наредната година ќе се отпочне со изградба на булеварското решение“ нагласи Иванов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа