Ахмети се сретна со норвешкиот амбасадор - разговараа за политичката ситуација во регионот
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Загреб се сретна со амбасадорот на Норвешка во Хрватска, г. Арне Бјорнстад.
Претседателот Ахмети и норвешкиот амбасадор разговараа за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на Северна Македонија, Охридскиот договор и владеењето на правото.
Претседателот Ахмети го информира норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, волјата на албанските граѓани не беше почитувана од мандатарот.
Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги регулира односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност.
Затоа, албанскиот јазик не треба да биде загрозен од политичките диктати на власта без етнички легитимитет.
Г-дин Ахмети изрази загриженост и за отстапувањето од европската перспектива и тензиите во односите со соседите.
Ахмети нагласи дека се потребни два историски процеси во регионот, првиот, историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, како и регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, за не загрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија.
26.11.2024 - 14:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа