Славески свика итна седница на Советот на Град Скопје
Денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз, која кулминира откако автобусите на ЈСП од вчера попладне сообраќаат со драстично намален број поради недостиг на гориво. Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.
- Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на Град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на Град Скопје на 21 ноември ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот во рамките на своите надлежности е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите итно да го нормализираат јавниот превоз во Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, сподели претседателот на Советот, Трајко Славески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа