Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со дете-жртва.
Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.
Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.
Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.
Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.
Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум тригодишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа