Најлошото помина, добро и оди: Принцот Вилијам проговори за состојбата на Кејт
Принцот Вилијам изјави дека Кејт Мидлтон е многу добро и дека таа и нивните деца вечерва ќе го гледаат доделувањето на неговите награди Earthshot за животната средина. Принцот од Велс ѝ оддаде почит на својата сопруга Кејт за време на посетата на Кејп Таун нарекувајќи ја неверојатна во тешката година на лекување рак.
„Навистина многу добро и оди, благодарам. И се надевам дека ќе гледа вечерва. Ќе ме бодри толку многу. Таа беше неверојатна цела оваа година. Знам дека исклучително ќе и биде важно да го види успехот на вечерашниот настан“ рече тој.
Тој додаде дека тој и неговото семејство често зборуваат за тоа како може да придонесат за заштита на животната средина. „Да, знаете, секое семејство се обидува да направи сè што може за да ѝ помогне на животната средина. Ги поминуваме основните работи, како рециклирање, намалување на потрошувачката на вода, исклучување на светлата кога излегуваме од дома и слични работи. Мислам дека секое семејство ги има тие разговори, се обидуваш да направиш што можеш“, рече принцот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа