Неколку часа по разговорот со Трамп: Израел го нападна Бејрут

 


Израел рано утринава повторно го нападна јужен Бејрут, неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговараа за „иранската закана“.

Израелскиот премиер беше еден од првите светски лидери што му честиташе на Трамп, нарекувајќи го неговиот реизбор „најголемото враќање во историјата“.

Во телефонскиот разговор, двајцата „се договорија да работат заедно на безбедноста на Израел“ и „разговараа за иранската закана“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.

Недолго потоа, израелската војска започна напади врз главното упориште на Хезболах во јужен Бејрут, при што снимките на АФП покажуваат портокалови блесоци и облаци од чад над густо населеното предградие.

Израелската војска издаде наредба за евакуација пред нападот, повикувајќи ги луѓето да напуштат четири населби, вклучително и една во близина на меѓународниот аеродром.

Во источен Либан, Министерството за здравство на земјата соопшти дека 40 луѓе биле убиени во израелските напади во средата и дека спасувачите ги пребаруваат урнатините за преживеани.

07.11.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега