Петар Грашо и Хана добија син

 

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана добија второ дете.

Хана Хуљиќ вчера се породи со царски рез и роди момче.

Хрватските медиуми пишуваат дека родителите одлучиле на наследникот да му го дадат името Тони.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, породувањето поминало добро, Хана се чувствува добро, а синот го крстиле по покојниот дедо на пејачот, со што родителите сакале да го зачуваат споменот на важна личност во животот на Грашо.

Потсетуваме, Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа во февруари 2022 година, а истата година ја добија и ќерката Алба.

Иако се познати по тоа што го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, овој момент го споделија со своите најблиски и обожаватели кои им испратија честитки.

01.11.2024 - 18:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега