АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ 26% - СДСМ 7%
Ако утре се одржат парламентарни избори, 26% од анкетираните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а 7% за СДСМ, покажува најновата анкета која за потребите на ВМРО-ДПМНЕ ја спровела агенцијата ИПСОС. Според неа, по 7% рејтинг исто колку и СДСМ имаат и ДУИ но и коалицијата Вреди.
Левица има рејтинг од 5% а партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски 4%.
Меѓу политичарите најпопуларен е премиерот Мицкоски. Во него имаат доверба 27,8% од анкетираните. Следи Ахемти со рејтинг од 8,6% и Венко Филипче со рејтинг од 5,5%.
Истражувањето на ИПСОС Е спроведена по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ врз примерок од 1005 испитаници користејќи теренска анкета во периодот на првите три недели од октомври.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа