ДУИ недела дена е на митинзи - еве колку луѓе им доаѓаат

 


ДУИ веќе една недела одржува партиски митинзи низ местата каде што доминира население од албански етнички состав.

Првиот од овие собири се одржа во Липково, а потоа партијата се пресели во Сарај. Наредните денови се одржаа слични вакви митинзи во Пласница и во Дебар.


Од фотографиите кои Ахмети и ДУИ ги објавуваат на социјалните мрежи може да се забележи дека има солидно присуство, но веројатно не доволно за да се направат некои посериозни протести.

Од коалицијата Вреди во неколку наврати потенцираа дека ДУИ нема капацитет да организира протести бидејќи веќе нема поддршка од граѓаните.

31.10.2024 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега