Тошковски на средба со Аксинте: Заеднички обуки и тренинзи меѓу МВР и романската полиција

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте. На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.

Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.
На средбата беше разговарано и  за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал.

Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцираше дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес. 

31.10.2024 - 13:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега