Гаши најави нов начин на пратенички прашања - опозицијата добива повеќе простор во Собранието
Претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека со новиот Деловник ќе има и нов начин на пратенички прашања.
-Да, по новиот Деловник освен редовните пратенички прашања е воведен нов механизам, нов институт. Тоа се опозициски пратенички прашања ќе бидат поставувани во текот на месецот на редовните седници два часа откако ќе се усвои дневниот ред ќе се поставуваат пратенички прашања од опозициските политички партии кон власта, кон избраните членови кои се избираат во Собрание, рече Гаши.
Досега пратеничките прашања беа резервирани за секој последен четврток во месецот.
31.10.2024 - 11:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа