Средба Николоски -Стилинидис во Солун: Македонија и Грција ќе работат заедно на проекти за подобрување на конкурентноста на европските коридори

 

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.
 
На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.
 
Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.
 
Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.
 
На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз  транспорт на добрата и услугите.
 
Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.
 
Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на  Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.
22.10.2024 - 14:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега