Георгиевски со остра критика: Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски остро ја критикува изјавата на бугарската министерка за транспорт Красимира Стојанова, во која таа најави дека бугарската делница од Коридорот 8 ќе биде завршена до 2030 година. Георгиевски ја обвини бугарската политика за демагогија и ја постави под знак прашање сериозноста на нивните најави.
„Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле “најдоцна до 2030”!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“, напиша Георгиевски.
22.10.2024 - 11:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа