Децата од Дневниот центар за посебни во Тетово си добија новогодишните пакетичиња

 

Децата од Дневниот центар со посебни од Тетово денеска се израдуваат на новогодишните пакетчиња кои им беа доделени од страна на Унијата на жени и комисијата за труд и социјална политика на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Тетово и македонско - хрватското друштво со седиште во градот. 

Според директорот на Дневниот центар, Беџет Камбери секоја донација е добредојдена за да се покаже дека овие деца не се издвоени од општеството.

- Покрај новогодишните пакетчиња што децата ги добија денеска ние во текот на годината за нив организираме настава во природа, еднодневна посета на туристичките места Охрид, Струга, одиме во Лешок и слично и се тоа покриваме со донации, рече Камбери.

Претседателот на македонско- хрватското друштво од Тетово, Горан Видачек нагласи дека по повод католички Божиќ втора година по ред доделуваат пакетчиња за децата со посебни потреби.

- Во следните две години во нашето друштво ќе работи и волонтер од американскиот мировен корпус и очекуваме дека ќе можеме да помогнеме како на дневниот центар, така и на децата од детската градинка Младост во Тетово, рече Видачек.

Во дневниот центар за деца со посебни потреби во Тетово запишани се 21 дете додека постојано присутни се 15.

24.12.2013 - 15:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега