Алармантна состојба: Забранета водата за пиење во Босилово и уште три села

 


Комуналното претпријатие „Огражден“ Босилово објави дека граѓаните на населените места Робово, Радово, Секирник и општинскиот центар Босилово водата од водоводната мрежа не може да ја користат за пиење.

Во известувањето се наведува дека таквата одлука е донесена заради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет на водата за пиење во согласност со правилникот за вода за пиење и таа може да се користи исклучиво како техничка вода.

На известувањето реагираа од Советничката група на СДСМ Босилово од каде бараат свикување на итна седница на Советот на Општината.

-Бараме да се направи анализа во сите населени места кои ја користат водата од водоводот. Да се разгледаат анализите од претходните месеци и да се утврди цена на водата како техничка се додека истата не се донесе во состојба на вода за пиење. Доколку анализите покажуваат дека квалитетот на водата не ги исполнува стандардите од претходните месеци ке бараме одговорност од градоначалникот и директорката на комуналното претпријатие, стои во објавата на советничката група на опозицискиот СДСМ во Босилово.

Забраната за користење на водата за пиење важи се додека следните резултати од акредитираната лабораторија за испитување на вода не докажат дека таа е исправна за пиење. 

17.10.2024 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега