Палевски пукал во Панче - Маневски покажал каде е закопан

 


Клучна улога во расветлувањето на убиството на Панче Жежовски имал уапсениот Велибор Маневски, сведочи денеска на судот началникот на СВР Велес, Ристо Самарџиев. Според Самарџиев, Маневски ги одвел истражителите до местото каде што било закопано телото, со што бил ставен крај на потрагата.

„Нè однесе во месноста викана Кула по пат од макадам. Точно знаеше каде нè води. Нема шанси да се пронајде ако некој не ви каже, се работи за дупка обрасната со дрва. Велибор кажа дека сите биле присутни, а пукал Палевски“, објасни началникот.

16.10.2024 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега