МВР: Расчистен случајот со вчерашното пукање во Чаир - приведени четири лица

 


СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман.

Од лице место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град", а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка.

По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.

15.10.2024 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега