Митева: Царинската управа со одлични резултати во последните три месеци
Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава.
Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпаролка на владата
„Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.
Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција.
Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување“, кажа Митева.
Овие достигнувања, според неа, не се само бројки, тие ја претставуваат посветеноста на владата на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија.
„Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување на фер пазар и спречување недозволени активности.
Ќе продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина“, нагласи Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа