Превезувал стока без документација - заврши во полиција

 

На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес" со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони.
Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

13.10.2024 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега