Се намалува бројот на починати доенчиња во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на починати доенчиња во државава од 2014 година е намален.
Во 2014 година бројот на починати доенчиња бил 233, а во 2016 година починале најмногу доенчиња, односно 273. Бројот на починати доенчиња во 2023 година е намален на 30 починати, 17 машки и 13 женски доенчиња.
Исто така и бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година.
Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа