Се огласија надлежните: Познато во кој град беше утринскиот земјотрес
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 11.10.2024 година, во 10 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје
Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа