Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не нуди решенија, туку создава проблеми
На Македонија и треба план за европската интеграција којшто треба да го презенира власта, бидејќи Албанија го продолжи својот пат, треба да кажат во какви води ние сега влегуваме. Има понуда од СДСМ да разговараме во Собранието, согласно Уставот, законите и конечно Деловникот. Треба власта да го презентира планот, рече пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата Дејли клик на ТВ 21.
-Имаше изјави од ВМРО-ДПМНЕ пред кампањата каде што велат дека Преспанскиот договор ќе се репреговара кога тие ќе бидат власт. Сега гледаме дека не се репреговара. Па за преговарачка рамка велеа исто, и дека не е добра. Сега стана добра. Заклучоците сега ќе ги репреговарале. Кој е планот ние не знаеме бидејќи планот не е презентиран. Ние сега ќе го почекаме тој план. За да може да Ковачевски нагласи дека СДСМ имаше јасен план за европските интеграции, сега Албанија го продолжи патот во ЕУ и тие ќе ги отвораат поглавјата, а Македонија остана во друштво со Косово и БиХ.
Преговарачката рамка три дена се разговараше во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ не дискутираше туку свиреше на вувузели. Тоа сите сме сведоци, има снимки за тоа., рече Ковачевски.
Тој истакна дека не постои држава во Европа па и во светот која морала да донесе такви одлуки со кои што ќе ги оствари своите стратешки цели, како што мораше Македонија, членството во НАТО, се обезбеди со тешка одлука со потпишување договор со Грција, а во францускиот предлог стои влегување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, што е добро за Македонија, бидјеќи со тоа се побива тезата дека се работи за еден народ во две држави.
Безбедноста дојде со НАТО, економскиот просепритет доаѓа со членството во ЕУ, порача пратеникот на СДСМ Димитар Ковачевски, во емисијата Дејли клик на ТВ21.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа