Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025 - 2027

 


Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денес стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Поддршката од земјите членки на ОН е потврда за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Во својата објава на социјалните мрежи, министерот Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активното учество во Советот, придонесувајќи за глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и на нашата кандидатура за членство

Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед презентиран пред Советот за човекови права во Женева, нашата земја нашата земја е високо на листата на земји кои ги почитуваат и гарантираат човековите права и оценета како квалификуван кандидат кој ги исполни неопходните услови за да биде дел од работата на ова меѓународно тело.

Инаку, Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.

09.10.2024 - 19:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега