Родителите на Коста сакаат сами да го испрашуваат на следното рочиште

 

Коста К. од Основното училиште „Владислав Рибникар“ вчера сведочеше во кривичната постапка против неговите родители. Неговото сведочење траеше повеќе од три часа. Беше на распит кај обвинителот и бранителот, а следното судење е закажано за 17 октомври кога, како што е познато, на ќе му поставуваат прашања неговите родители.

Познато е дека родителите на момчето убиец побарале од судот да го сослуша и нивното барање и истото било уважено. Исто барање изразија и родителите на убиените деца.

За масакрот ги обвини родителите

Коста К. на судењето на родителите под обвинение дека му овозможиле лесно достапно оружје, се појави облечен во црна кошула и наочари.Кажа дека масакрот го извршил поради неговата мајка, која инсистирала тој секогаш да биде најдобар од сите.

-Мајка ми секогаш инсистираше да бидам најдобар. Таа се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Постојано бараше повеќе од мене, и јас и се налутив. Тоа беше нејзиното однесување кое влијаеше на мене да го направам тоа што го правев. Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го сторам ова – изјави тој.

За време на судењето му се слошило

Како што е познато, при влегувањето во судницата, тој не ги погледнал родителите, а кога му се обратила мајката на убиеното момче и му поставувала прашања, наеднаш му се „слошило“, па морал да седне

09.10.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега