Меџити на средба со Варнес - зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.„Вчера остварив многу плодна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Ја изразив мојата благодарност за непоколебливата поддршка што САД и ја даваат на Северна Македонија, особено во процесот на интеграција во ЕУ.
Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји и за важноста на понатамошно зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес“, изјави Меџити. Тој дополнително објасни дека на оваа средба, ја истакнал важноста на неговата улога како министер за животна средина и просторно планирање, особено поради големите еколошки предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат енергетската криза, децениското загадување на воздухот, управувањето со отпадот, обезбедувањето чиста вода и третманот на отпадните води.„Исто така, ја нагласив важноста на соработката во справувањето со климатската криза и промовирањето на одржливиот развој
Полната посветеност кон политиките што го заштитуваат животната средина е мој приоритет, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, што е неопходен приоритет“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа