Детали за трагедијата која ја потресе Македонија: Бебето било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција

 

Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација, информираат од Министерството за здравство.

-Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта. ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало. Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита, велат од МЗ.

Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи.

Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба.

05.10.2024 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега