Секс-скандали кои ја одбележаа 2013

 

И оваа година, како и многу други пред неа, одбележана е со секс скандали меѓу познати лица. Од Нов Зеланд преку Црна Гора до САД, секс скандалите ги полнеа страниците на весниците. Па да потсетиме на нив:

1. Бунга бунга пресуда
Меѓу довршените судски процеси против поранешниот италијански премиер е и тој во т.н. случај бунга бунга. Силвио Берлускони е осуден на седум години затвор, поради плаќање на сексуални односи на малолетничката Ел Махруг, која во светот стана позната како фаталната Руби. Судот при образложението на пресудата објасни дека точно е утврдено дека Берлускони имал сексуални односи со тогаш малолетната мароканска проститутка, како и дека плаќал за тие услуги. Судот потенцирал и дека Берлускони бил организатор на бунга бунга секс оргии.

2. Карлос Дангер познат како Ентони Вејнер
Во еден период на трката за градоначалник на Њујорк, Ентони Вејнер дури имал и шанси за добар резултат на изборите, но тогаш се случи – Карлос Дангер. Карлос е Вејнеровото алтер его, кој на една 22 годишна девојка и праќал невкусни пораки ветувајќи и ново возило, стан... Накусо, се што ќе посака. Откако се дознало за овој СМС скандал, на Вејнер нагло паднала популарноста меѓу жителите на Њујорк.

Сопругата Хума му простила исто како и пред две години кога се случила идентична ситуација. Вејнер тогаш преку социјалните мрежи испраќал свои голи фотографии на млади девојки.

3. Љубовно корупциски скандал во Чешка
До неодамна чешкиот премиер, Петр Нечес даде оставка на својата позиција во Владата, откако советничката на неговиот кабинет Јана Нагојова била обвинета за злоупотреба на власта и за корупција. Нечас тогаш признал дека со неа е во тајна врска поради што подоцна се разведе од својата сопруга.

Нагојова е обвинета за подмитување на пратеници и за свои лични интереси ја користела воено разузнувачката служба, па така со службената технологија ја прислушкувала сопругата на Нечес.

4. Ќерката на чешкиот претседател на оргии
Скандалот на Нечас не беше единствен скандал во Чешка оваа година. Деветнаесетгодишната Катарина, ќерка на чешкиот претседател Милош Земанаова, фатена е на камери на оргии на прашката златна младина. Благодарение на порталот PartyHardcore.com снимките ги објавија сите чешки медиуми.

Катарина и понатаму ги негира обвиненијата на своја сметка и тврди дека се е наместено и дека на снимките воопшто не се наоѓа таа.

5. Црногорскиот политичар снимен во акција
Во секс скандал се најде и Претседателот на Сенатот на Државната ревизорска институција и поранешен потпретседател на Владата, како и министер за финансии на Црна Гора, Мирослав Иванишевиќ. На ЈуТјуб е објавено видео кое во поголем дел е затемнето, но тонот многу добро се слуша. Иванишевиќ рекол дека не знаел дека се снима, а на видеото е снимка со жена која со години го уценува и против која води судска постапка за негирање на татковство.

Иванишевиќ набрзо потоа поднесе оставка.

6. Српската политичарка главна тема на сите светски таблоиди
Вања Хаџовиќ, која многумина ја нарекоа и млада надеж на српската дипломатија, до неодамна беше позната само како советничка во Министерството за надворешни работи на Србија. Така беше се додека на интернет не се појавија нејзини голи фотографии. Вања наскоро стана главна тема на сите светски таблоиди, а поради целата ситуација таа поднесе оставка во Министерството.

7. Подведување на најдобрите светски балерини
Поранешната солистка на Бољшој театар, Анастазија Волочкова, го обвини генералниот директор на тој театар дека Бољшој го претворил во голема јавна куќа. Таа тврди дека девојките се присилувани да одат на гала вечери, при што им било давано до знаење дека потоа ги очекува да спијат со некого во кревет.

На девојките кои ги одбивале тие наредби се заканувале дека нема да одат на турнеи и дека нема да настапуваат во Бољшој театарот.

8. Градоначалникот и неговиот ривал ја делеле љубовницата
Градоначалникот на Оукленд Лен Браун спиел со жена која истовремено била во врска и со советникот на неговиот најголем противник. Браун јавно на телевизија, потврдил дека имал вонбрачна врска и побарал приватност додека не го реши проблемот со своето семејство. Изјави и дека нема да поднесе оставка. Објавувањето на приказната го нарече јасен притисок да се повлече и обиди да го уништат.

Браун е женет и татко на три деца, а скандалот изби само неколку дена откако беше избран за градоначалник на Оукленд

24.12.2013 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега