Пандов: Секој затвореник ја чини Македонија 2.100 денари дневно

 

Еден затвореник државата ја чини околу 2.100 денари на ден или над 10.000 евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2.400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

– За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година – изјави Пандов

 

04.10.2024 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега