Дилер од Струмица падна во рацете на полицијата

 


Вчера во 09 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(51) од село Василево, струмичко.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


 

 

01.10.2024 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега