Велес: Патници ги кршеле прозорците за да излезат од автобусот кој се наполнил со чад


Доцна синоќа, во автобус на враќање од Грција, се појавил чад, по што патниците во паника ги искршиле прозорците за да излезат од него, јавува ТВ 21.

Настанот се случил во Велес.

Според информациите кои ги пренесе ТВ 21, возачот ги повикал патниците да излезат од автобусот, но во тој момент вратите биле затворени, по што патниците ги скршиле прозорците за да излезат.

 

Телевизијата пренесува дека повеќето од патниците биле под 18 години.

Засега нема информации за повредени.

Според неофицијални информации кои ги пренесува ТВ 21, станува збор за автобус на компанијата „Ројал травел“, поранешна „Беса транс“.

29.09.2024 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега