ФОТО: Претседателката се фотографираше со Бајден и првата дама на САД

Претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова објави фотографија со првиот човек на САД, Џо Бајден и неговата сопруга.

„Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка.

Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави“.

На фотографијата нашата претседателка се држи за рака со американскиот претседател. Овој момент наиде на бура реакции од јавноста.

27.09.2024 - 17:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега