Пробала да прошверцува кокаин преку стомакот: Ја фатиле на рентген на аеродром
Една жена е обвинета за шверц на дрога кога рендгенските снимки откриле десетици капсули во нејзиниот стомак за кои полицијата верува дека се полни со кокаин, пренесува „Скај њуз“.
Кога полицијата добила дојава дека жена се обидува да прошверцува дрога на лет од Сао Пауло, 30-годишната патничка од Намибија била запрена и уапсена на меѓународниот аеродром во Јоханесбург.
Таа е десеттото лице што е уапсено на аеродромот во изминатите два месеца под сомнение за шверц на дрога, соопштија полициски претставници, додавајќи дека минатата недела е уапсен Нигериец, кој се соочува со слични обвиненија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа