Трагедија: Починал патник за време на летот за Ливерпул


Авион на Jet2 од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн, откако еден патник починал за време на летот.

Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време, пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.

Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15 часот и 32 минути, кон авионот веднаш се упатила брзата помош.

Мажот, наводно, добил срцев удар и бил прогласен за мртов, и покрај огромните напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пишува Мирор.

По неколку часа поминати на аеродромот, авионот конечно повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот.

24.09.2024 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега