Најкрвавиот ден: Близу 500 мртви во воздушните напади на Израел во Либан
Либанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека бројот на загинати во израелските воздушни напади се искачи на 492 лица, а уште 1.645 се ранети.
Како што пренесува ДПА, Министерството соопшти дека 35 деца и 58 жени биле убиени откако Израел го започна својот најсмртоносниот бран воздушни напади врз милицијата Хезболах, поврзана со Иран, од 2006 година.
Нападите, фокусирани на јужен и источен Либан, почнаа вчера наутро и во нив беа погодени 1.300 цели на Хезболах – изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како превентивен напад чија цел е да се елиминира оружјето на Хезболах.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа