Падна уште еден командант на Хезболах
Либанската шиитска група Хезболах утринава соопшти дека Ахмед Вахби, висок командант кој ги предводеше воените операции на нивните специјални сили Ар Радван во војната во Газа до почетокот на оваа година, бил убиен во израелски воздушен напад во предградие на Бејрут. Хезболах ги објави имињата на 14 нејзини членови кои беа убиени во нападот.
Израелската армија синоќа објави дека го убила главниот командант на Хезболах, Ибрахим Акил и другите шефови на специјалните сили на движењето – „Ар Радван“ во напад во јужниот дел на Бејрут.
21.09.2024 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа