Иконата на Богородица од Света Гора доаѓа во Скопје

Со благослов на Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, свештеномонасите Агатон, Атанасиј и Иринеј од Скопската епархија, од 18 до 20 септември 2024 година престојуваа во светогорскиот манастир Хиландар, со цел да ја преземат Богородичната икона „Троеручица”, која треба да пристигне во Скопје.

Заедно со нив се и Драган Сарески-Андрески, Бобан Богдановски-Андрески и Милчо Велков од Скопје, соопштија од Скопската епархина на МПЦ-ОА.

Денеска претпладне, во придружба на хиландарскиот игумен, архимандрит Методиј, со дел од манастирското братството, спомнатите свештеномонаси и верници на Скопска епархија тргнаа со иконата од Света Гора кон Македонија.

Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17:00 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје

20.09.2024 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега