Две девојки загинаа на екскурзија во Италија: „Мерцедес“ со полна брзина налета на група пешаци

Две девојки од Германија кои биле на екскурзија во Италија загинале кога на нив налетал „мерцедес“. Несреќата се случила во Лидо ди Камахоре во средата околу 19 часот.

Жената, која била зад воланот на мерцедес, налетала на група пешаци и убила две девојки (18, 19) од Германија. Тие беа средношколци во Дуизбург (Северна Рајна-Вестфалија). Италијанската полиција се уште не објавила информации за нивниот идентитет.

 Според надлежните, жената (44) наводно изгубила контрола над својот „мерцедес“ кога се случила несреќата. Пред тоа со голема брзина поминала низ два црвени семафори, а потоа удрила во група пешаци.

Наводно, таа прво ги удрила девојките, а потоа и останатите пешаци, за на крајот да удри во неколку паркирани возила во близина на хотелот.

Според Анса, вкупно седум лица се повредени, меѓу кои и возачот. Сите се пренесени во болница, а жената е уапсена.

Направен е и алкотест и нарко тест за да се провери дали е под дејство на алкохол или други супстанци.

19.09.2024 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега