Албанците се жалат: На патоказите им пречи двојазичноста

 

Албанскиот јазик за некого е „трн во око“ констатира една новинарка која известува за медиум кој пишува на албански јазик објавувајќи патокази на кои некој го прешкртал натписот на албански јазик.
По таблата во граничниот премин Блаце каде го нема албанскиот јазик, истото се случува и на магистралниот пат во Кичево. Натписите на албански јазик се исшкртани. Вакви случаи се забележуваат од автобуската станица до излезот на Кичево патот кон Охрид – се вели во текстот на овој медиум.
Вистинска штета што не продолжиле до Кичево. Бидејќи во овој град, воопшто и нема двојазични табли. Се што е поставено како нова табла има само еден јазик, албанскиот.

Кога сме кај демолирањето на знаци, па и на табли, веројатно во категоријата на поголеми гревови влегува кршење на спомен плоча, судбина која онаа плоча која сведочи за масакрот кај Карпалк ја дожживува секоја година.

18.09.2024 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега