Темпо Мјузик ја тужи Мајли Сајрус: Ја ископирала песната на Бруно Марс

Американската компанија наречена Tempo Music Investments ја тужеше познатата пејачка Мајли Сајрус.

Имено, тие тврдат дека таа и нејзините колеги текстописци копирале делови од песната на Бруно Марс, When I Was Your Man, кога ја напишале нејзината песна Flowers, која доби „Греми“, пренесува „Ролинг стуон“.

Тие ја поднесоа тужбата во понеделникот на 16 септември пред федералниот суд во Лос Анџелес. „Темпо мјузик“ соопшти дека поседува дел од американските авторски права на When I Was Your Man откога ги откупи од Филип Лоренс, кој ја напиша песната со Марс, Ари Левин и Ендру Вајат.

Бруно Марс не беше именуван како тужител во тужбата.

„Секој обожавател на When I Was Your Man од Бруно Марс знае дека Flowers на Мајли Сајрус не го постигна целиот овој успех самостојно.

„Flowers удвои многубројни мелодиски, хармонични и лирски елементи, вклучувајќи мелодичен дизајн на тон и низа на стихови, поврзувачка бас-линија, одредени рефрени, одредени театарски музички елементи, лирски елементи и специфични прогресии на акордите“, се вели во тужбата до која дојде „Ролинг стоун“.

„Врз основа на овие сличности јасно е дека Flowers не би постоелеа да не беше When I Was Your Man“, се наведува во тужбата.

„Ролинг стоун“ стапил во контакт со претставниците на пејачката, но тие сè уште не се огласиле.

17.09.2024 - 21:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега